Контакт

Црна хроника

Пет кривични пријави против шест лица во акцијата „Гора“

Објавено пред

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе пет кривични пријави  против шест лица поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела.

dobivaj vesti na viber

 

 

Станува збор за три “кражба“ (чл. 235 ст. 3) и по едно дело “кражба“ (чл.235 ст.3 в.в ст. 4), “фалсификување или уништување деловни книги“ по (чл.280 ст.1 ), “помагање“ в.в “кражба“ ( чл.235 ст.3 в.в. ст.4 в.в. чл.24), “фалсификување или уништување деловни книги“ од (чл.280 ст.2) и “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353). Притоа, констатирано е дека бесправно била исечена дрвна маса во количина од над 30 метри кубни огревно дрво, а причинетата штета е проценета на 196.000 денари.

 

Во првиот случај кривичнопријавен е Е.И. (64) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ (чл.235 ст.3). Тој со намера за противправно присвојување, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво вид бука во количина од 12,30 метри кубни, и без соодветна документација и без жиг, истите ги складирал на својата нива во атарот на с.Патишка Река. Од страна на Шумската полиција дрвната маса, извршен разговор со пријавениот, а со наведеното дејствие пријавениот  ја оштетил заедницата за  86.100 денари.

 

Во вториот случај кривично е пријавено лицето З.М. (58) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ (чл.235 ст.3), затоа што со намера за противправно присвојување, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво вид даб, бука и габер, во количина од три метри кубни и истите ги складирал на своја нива во непосредна близина на својот дом во с.Држилово. Со наведеното  пријавениот  ја оштетил заедницата за  21.000 денари.

 

Во третиот случај кривично е пријавено лицето К.А. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба“ (чл.235 ст.3). Пријавениот со намера за противправно присвојување, откако претходно од туѓа шума бесправно исекол повеќе стебла на дрва даб во количина од три метри кубни истите ги натоварил во ТМВ марка „Мерсцедес Фургон“ со скопски регистарски таблички по што се упатил да ги превезе до својот дом во с.Кондово, Општина Ѓорче Петров. Но во околината на граничен премин Чашка, Скопје, пријавениот бил запрен од полициски службеници од ПС за ГН Чашка, и по извршената контрола  истиот е лишен од слобода во ПС за ГН Чашка. Со наведеното инкриминирано дејствие  пријавениот ја оштетил заедницата за 21.000 денари.

 

Во четвртиот случај кривичнопријавени се лицата С.С. (32)  од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “кражба“ ( чл.235 ст.3 в.в ст. 4) и “фалсификување или уништување деловни книги по (чл.280 ст.1) и С.М. (27) од Скопје за “помагање“ в.в “кражба“ (чл.235 ст.3 в.в. ст. 4 в.в. чл.24) и “фалсификување или уништување деловни книги“ од (чл.280 ст.2).

 

Имено, првопријавениот С.С., (управител на ДПТУ„СОКОЛ-АРЦ КОМ“ДООЕЛ с.Гошинце) откако претходно присвоил бесправно исечено од туѓа шума огревно букаво дрво во количина од 9.70 метри кубни, со намера да изврши легален превоз од неговиот склад за дрва во с.Гошинце до наводен купувач од општина Бутел, Скопје, односно до за него саканата денистинација, предметните дрва заедно со второпријавениот ги натовариле во ТМВ марка Мерцедес и додале уште 4 метра кубни буково дрво жигосани со број на жиг што С.С. предходно легално ги набавил. Со намера да го замаскираат незаконското дејствие С.С. во својство на управител изготвил и со свој потпис и печат на правното лице заверил испратница за превоз на огревно дрво во која внел невистинити податоци дека наводно траспортира дрвна маса во количина од 13 м3, а не 13,7 м3 колку што било натоварено и дека најмалку 80% од дрвото е жигосена со жиг, наводно издадена за сметка на Одобрение за сеча под број кој се однесува на одобрение за сеча кое всушност правното лице „Форест Инженеринг“ предходно му го издало на друго лице. Дури како возач на  возилото со кое се врши транспорт навел друго лице иако знаел дека возач на возилото е второпријавениот. Така изготвената испратница со невистинети податоци истиот ден му ја дал на второпријавениот, кој во својство на возач се упатил кон Скопје за да изврши превоз на дрвата и предметната испратница ја употребил како вистинита при вршење на рутинска контрола на ТМВ на ул.„Бутелска“ во Скопје од страна на полициските службеници од ЕБПС. Со наведените инкриминирани дејствија пријавените ја оштетиле заедницата за 67.900 .00 денари.

 

И во петиот случај кривично е пријавено лицето Ф.Ј. (38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување “ (чл.353). Пријавениот, во својство на службено лице-шумски полицаец во Шумска полициска станица Скопје, на сторител на прекршок му вратил ТМВ марка „ТАМ“ со скопски регистарски таблички, кое претходно врз основа на бесправен превоз на огневно дрво бука, било одземено од страна на полициските службеници од ПС ОН Кисела Вода и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

 

Пријавениот, иако бил дел од патрола на Шумска полиција која извршила контрола и мерење на дрвната маса, без да изготви никаков документ, му го вратил на сторителот на прекршокот предметното возило, при што ја одзел само дрвата маса во количина од 3,5 м3 огревно буково дрво кои ги предал во Агенција за управување со одземен имот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.

За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.

dobivaj vesti na viber

По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.

Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола

Објавено пред

На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.

dobivaj vesti na viber

Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет3 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет5 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија6 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија7 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија8 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет8 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет9 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет10 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет11 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет12 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет14 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија17 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет18 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет19 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...