Црна хроника
Петмина повредени во тепачка и престрелка во тетовско
– фото илустрација
Тепачка и вооружена престрелка се случила во сабота кон недела околу полноќ во населбата Дреновец, тетовско, во која учествувале пет лица, соопшти полицијата.
Тепачка и вооружена престрелка се случила во сабота кон недела околу полноќ во населбата Дреновец, тетовско, во која учествувале пет лица, соопшти полицијата.
Според истиот извор, во инцидентот учествувале Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од село Доброште од една страна и Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово од друга страна.
Во пресметката освен огнено оружје било користено и ладно оружје и при тоа Е.О. се здобил со прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. со прострелна рана во пределот на левата надколеница и Р.О. со убодна рана во пределот на средишниот дел од рбетот, додека Л.И. се здобил со убодна рана во пределот на вратот, а К.В. со огреботина на долните екстремитети. Трите лица од Доброште се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во КБ-Тетово, а Л.И. со здобиени тешки телесни повреди и К.В. со телесни повреди биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.
Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Бил агресивен кон неговата сестра па нападнал полицајци: кривична пријава за 27-годишен тетовец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(27) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Имено на 05.01.2026 пред угостителски објект, пријавениот агресивно се однесувал кон неговата сестра, а подоцна во угостителскиот објект физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Црна хроника
Измамена тетовка: платила за работна виза за Германија, останала без виза и без пари
Синоќа во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од 3.000 евра.
Според пријавеното, во текот на 2024 година, таа се договорила со лицето да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија и притоа парите му ги исплатила во неколку наврати.
Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога стапила во контакт со него и си ги побарала парите, започнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Четворица приведени за пожарот на „ланд роверот“ во Струмица, при претреси пронајдена дрога
Полицијата ги приведе Д.Г. (19) од селото Секирник, Р.П. (38) од село Владевци, А.Т. (26) од село Еднокуќево и К.Г. (19) од Струмица, поради сомнение дека се можни сторители на кривично дело поврзано со пожар на паркирано возило „ланд ровер“, пријавен во Струмица, соопшти МВР.
На 22 февруари, врз основа на судски наредби, извршени се претреси во домовите на Р.П., А.Т. и К.Г. При претресот во домот на Р.П. биле пронајдени остатоци од марихуана, во домот на А.Т. била пронајдена кафеава грутчеста материја за која изјавил дека е хашиш, додека кај К.Г. биле пронајдени делови од облека за кои постои сомнение дека ги носел при извршување на делото, сооппти МВР.
За преземените мерки е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

