Црна хроника
Пламен од запалка причина за пожарот во фабриката во Сопиште
Директна изложеност на пламен од запалка е причината за пожарот во фабриката за пиротехника „ИЦЕ-МАК“ ДОО од Сопиште кој избувна на 24.07.2014 година, а во којшто животот го загубија три лица.
Ова го покажа истрагата спроведена од Основното јавно обвинителство – Скопје.По наредба на обвинител, извршена е реконструкција на дел од производниот процес и експериментална потврда било утврдено дека само отворен пламен можел да го предизвика пожарот во фабриката, а со тој став се согласил и техничкиот советник на одбраната. Имено, за утврдување на точната причина за пожарот, вешти лица од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје анализираа неколку можни причини за запалувањето на припалните гази за производство на ЦС куршуми и солзавец во фабриката: статички електрицитет, слободна лебдечка прашина која се ослободува во процесот на кроење на газите, искра и отворен пламен.Во текот на истрагата, надлежниот јавен обвинител сослушал 10-тина сведоци, меѓу кои клучен бил исказот на еден од работниците во фабриката, кој како очевидец сведочел дека слушнал звук од запалка непосредно пред пожарот. Запалката била употребена од едно од настраданите лица во пожарот. Воедно, при увидот на лице место пред просторијата е пронајдена запалка и мобилен телефон, кои му припаѓале на еден од загинатите работници, од чија почетна работна позиција беше утврдено дека започнал пожарот.Меѓу другото, увидот извршен од надлежното обвинителство покажал дека работодавачот има изготвено Збирно работничко упатство во кое се дадени лични мерки за заштита на работниците, како што е забрана за внесување цигари, запалки, алкохол, дрога, мобилни телефони, клучеви и други остри метални предмети во фабриката. Но, ваквите дадени забрани не се почитувале од страна на вработените. Дополнително, надлежниот јавен обвинител, врз основа на извршениот увид на Државниот инспекторат за труд и преземените истражни дејствија, оценил дека во фабриката постоеле низа пропусти во поглед на непридржување кон прописите за заштита при работа.Како резултат на ова, надлежниот јавен обвинител поднесе Обвинение против одговорното лице – управител во фирмата „ИЦЕ-МАК“ ДОО за сторено кривично дело – Непреземање мерки за заштита при работа од чл. 170 ст.1 од Кривичниот законик, како и против правното лице „ИЦЕ -МАК“ ДОО за сторено кривично дело Непреземање мерки за заштита при работа од чл. 170 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.