Црна хроника
По расправија, кумановец со автомобил удрил маж и жена и четиригодишно дете
Кумановец по претходна расправија со автомобил „мерцедес“ удрил маж и жена и нивниот четиригодишен син.
Мажот бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, а мајката и детето како итен случај со возило на брза помош се пренесени на Детска хирургија при Државна болница Скопје.
Инцидентот се случил во саботата вечерта околу 22.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Куманово кај Јавната здравствена установа Уред во Куманово.
Случајот го пријавила дваесет и тригодишна девојка од кумановското село Биљановце која била во автомобилот. Но таа во полиција пријавила дека ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото.
Полицијата извршила увид на местото и констатирала дека кумановец кој бил во автомобилот со својот брат и девојката која пријавила, по претходна расправија со мажот од Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил мажот, жената и детето.
Двајцата браќа се задржани, а девојката која го пријавила случајот е ослободена. СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

