Црна хроника
Погрдни навреди испишани на домот на пратеничката Буралиева
Погрдни и навредливи зборови биле испишани во вторникот на вратата од станот каде што живее пратеничката Љубица Буралиева од редовите на опозицијата во скопската општина Ѓорче Петров.
Буралиева за Телеграф вели дека не е точно дека добива закани од поранешните сопартијци, по нејзината одлука да се врати во собраниските клупи и покрај тоа што нејзината партија, ја бојкотира работата на Собранието.„Јас уште вчера го пријавив случајот во полиција и нивна работа е да откријат кој стои зад ова. Но, тоа што го знам е дека немам проблем со моите поранешнисопартијци. Напротив, со многумина од нив и денес имам пријателски комуникации.Ваквите закани секогаш доаѓаат по пишувањата на еден портал и едно лице што себеси се нарекува новинар. Тој минатите денови како да ни даваше некакви совети мене и на колешката Солза Грчева, но всушност тоа се отворени закани.Такво нешто не смее да се случува“, – вели Буралиева за Телеграф.На врата била испишана порака „К***о продадена“, а пратеничката ја забележала по 18 часот, по што полицијата направила увид. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.