Црна хроника
Полицаец се обидел да запре возило во Тетово, возачот го прегазил

Полицаец бил прегазен во Тетово при обид да запре возило, по што бил пренесен во болница, соопшти МВР.
Според истиот извор, полицаецот во петокот попладне се обидел да запре патничко возило „форд мондео“, но со возилото бил удрен. Пренесен е во Клиничката болница во Тетово каде му се констатирани телесни повреди. Возачот со возилото го напуштил местото на настанот, а подоцна бил сопрен од полициски службеници по што е констатирано дека се работи за Ј.К. (35) од Тетово. Истиот е приведен во ПС-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен охриѓанец за издржување затворска казна

Вчера во 11.20 часот на улица „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ѓ.(45) од Охрид. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд во Охрид за издржување на казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „разбојништво“.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.
Црна хроника
Осквернавен манастирот во Матејче, откопани посмртни останки и украден оловен лим

Кумановско-Осоговската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) во саботата пријавила во Полициското одделение Матејче дека манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, бил мета на вандализам и кражба.
Според пријавата, непознати сторители во текот на месецов насилно влегле во објектот, кој е под заштита на државата како културно богатство, користејќи физичка сила и погоден алат. При тоа, тие извршиле ископување на подот, а притоа биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица.
Освен вандализмот, од централната манастирска црква бил украден и оловен лим.
По пријавата, на местото бил извршен увид од страна на надлежен јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Топ
Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен маж од ресенско село.
Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.
Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Регионалниот пат од м.в.Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, потврдија за МИА од СВР-Битола.