Црна хроника
Полициски службеник посредувал при криумчарење мигранти
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во четвртокот поднесе кривични пријави до Основното Јавно Обвинителство против две лица, од кои едното било вработено како полициски службеник, двајцата од Скопје поради сомневање за сторено кривично дело “Криумчарење на мигранти“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
„По претходно добиено оперативно сознание за можно илегално пренесување на група мигранти на подрачјето на Гевгелија, беа превземени мерки и активности за откривање, попречување и лишување од слобода на инволвираните Г.В. роден 1976, познат како „Вампир“ и Љ.Н. роден 1974 година, познат како „Бели“, вработен како полициски службеник во МВР на Република Македонија. Пријавените, по претходен договор со засега непознато лице, на подрачјето на с.Стојаково – Гевгелија, извршиле прифаќање и превоз на 12 лица – илегални мигранти, со намера да ги транспортираат до кумановскиот регион, со цел нивно понатамошно криумчарење кон Р.Србија и кон земјите на ЕУ“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Осомничените со теренско возило „Пинцгауер“, на кое поставиле македонска полициска регистарска таблица, се упатиле кон реонот на Гевгелија за да ги прифатат и да ги превезат 12 те илегални мигранти кои претходно оствариле нелегален влез од територијата на Р.Грција и биле сместени во близина на Стојаково.
Од таа позиција имигрантите својот пат требало да го продолжат со помош на Г.В и Љ.Н. кои околу 01 и 45 часот ги презеле со теренското возило и се упатиле кон Гевгелија од каде продолжиле на автопатот кон Удово.
Припадници на Министерството за внатрешни работи се обиделе да го запрат возилото, но осомничените ја игнорирале полициската сигнализација и веднаш се дале во бегство.
На оддалеченост од околу 3 км. од с.Удово и осомничените и мигрантите го напуштиле возилото и избегале во непознат правец, по што отпочнала теренска потрагата.
Во близина на возилото набрзо биле пронајдени и фатени 12-те мигранти меѓу кои 11 сириски и еден авганистански државјанин на возраст од 18 до 40 години.
По преземени дополнителни оперативни мерки и активности, утврден е идентитетот на сега веќе пријавените лица, по што истите биле пронајдени и веднаш биле приведени во ПС Кисела вода.
Инаку, откривањето на кривичните дела од илегалната миграција, во првото полугодие од годинава е во пораст за 20%, а според анализираните случаи нашата држава во главно е транзит земја, каде поминуваат мигрантите, велат од МВР./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вработен во фабрика за медицински канабис во Охрид фатен со дрога
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите на МВР, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хашиш.
Црна хроника
Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари.
Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по што е влезено внатре и се одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач удри жена на улица во Скопје и побегна, МВР го пронајде
Вчера нешто пред 17 часот, на улицата Његошева во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која 69-годишната В.Д. заврши со телесни повреди.
Возилото што ја удрило било „рено“ со скопски регистарски таблички, а зад воланот бил 46-годишниот А.С. Наместо да застане и да ѝ помогне, возачот – според пријавата во СВР Скопје – побегнал од местото на настанот.
Повредената жена била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ѝ констатирале телесни повреди. Полицијата веднаш презела мерки за лоцирање на возачот, кој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.
Според информациите од СВР Скопје, за случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

