Црна хроника
Повреден осумнаесетгодишен пешак во Чаир

Автомобил удрил во осумнаесетгодишен пешак во понеделник во скопската населба Чаир, соопшти полицијата.
Автомобил удрил во осумнаесетгодишен пешак во понеделник во скопската населба Чаир, соопшти полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила во понеделник изутрина на булеварот „Македонско-косовска бригада“ кога возило марка „фолксваген шаран“, со непознати регистерски таблички, удрило во момче на возраст од 18 години.
Тинејџерот се здобил со тешки телесни повреди.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец претепал медицинска сестра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
Црна хроника
Лекар во болницата во Штип нападнал копега во операциона сала

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
Имено, на 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.
Црна хроника
Тетовка нарачала мебел и оставила капар: не ја добила ниту нарачката ниту парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама.
Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.