Црна хроника
Пожари уништија две куќи во скопско, како и борова шума во Слупчане
– илустрација
Две куќи во Скопје се опожарени при што едно лице е повредено, а пожар избувнал и во близина на кумановското село Слупчане, каде што изгорела борова шума, соопшти полицијата.
Две куќи во Скопје се опожарени при што едно лице е повредено, а пожар избувнал и во близина на кумановското село Слупчане, каде што изгорела борова шума, соопшти полицијата.
Во првиот пожар во кој во петокот попладне целосно изгоре куќа лоцирана на улицата Иван Цанкар во скопската населба Влае, со изгореници на двете дланки, на лицето и на двете стапала се здобил С.А.(77) од Скопје. Во пожарот била зафатена кровната конструкција и една соба од куќата на Г.М.(50) од Скопје. Од страна на БППЗ пожарот е локализиран.Ноќта во петок кон сабота избувнал пожар во куќата сопственост на Ј.Д.(43), лоцирана на улица 204 во скопската населба Гоце Делчев. Во овој пожар нема повредени лица, а пожарникарите го локализирале пожарот.Во петокот пожар зафатил и 3-5 декари борова шума во месноста Љаки во близина на кумановското село Слупчане. Од страна на вработени во ЈП „Македонски шуми“ пожарот во 21,30 е локализиран. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

