Црна хроника
Познат скопски измамник фатен во улога на лажен инспектор на УЈП
Познат скопкси измамник заедно со уште едно лице се претпставувале како инспектор на УЈП и барале поткуп од угостители за да нема инспекции во нивните локали.
СВР скопје ги откри измамници по пријава на брачен пар кои се сопсвеници на еден кафе-бар во Скопје.
Оштетените пријавиле дека пред околу еден месец во нивниот кафе бар “ГЕТ КАФЕ“ лоц. на ул. “Сава Ковачевиќ“ дошле две машки лица кои порачале пијалок и го повикале оштетениот Д.Ј. – управител на правното лице “ГЕТ КАФЕ“, а потоа и оштетената Б.Т.
Претставувајќи се како инспектори од УЈП, едниот како И.Н. кој не се легитимирал со службена легитимација, од Б.Т. побарал лист за наводно да направи записник дека нема неправилности во работењето на кафе барот, по што Б.Т. го потпишала записникот, но не добила примерок од истиот. Воедно другото НН лице од неа побарал 3.000 денари кои им биле дадени од страна на нејзиниот сопруг Д.Ј., по што двете НН лица им кажале дека се е во ред и дека во иднина нема да имаат никакви проблеми со било која инспекција. Пред да заминат, И.Н. на оштетената и го дал неговиот телефонски број потенцирајки дека може да го бара доколку има било каков проблем со инспекции и оттогаш па се до 09 овој месец во неколку наврати и се јавувал велејќи и дека нема да има никакви проблеми.
Но завчера откако повторно ја побарал и и кажал дека во вечерните часови ќе има контрола од инспектори од УЈП побарал од неа 6.000 денарии за истите да не ги донесе кај неа во локалот, со образложение дека ќе ги почасти инспекторите за да не вршат контрола во нивниот кафе бар. Оштетените по ова го пријавиле случајот.
По пријавата, од страна на СВР Скопје превземени се сеопфатни мерки и дејствија, при што истиот ден, на барање од И.Н. да се сретнат со оштетената пред кафе барот и да му ги исплати паричните средства, во непосредна близина на кафе барот „ГЕТ КАФЕ“, извршено е лишување од слобода на лицето И.С. При извршениот личен претрес кај него се пронајдени шесте претходно обработени банкноти во апоени од 1.000 денари и истите со Потврда за привремено одземени предмети се одземени.
Инаку во изминатиот период против И.С. се поднесени кривични пријави во врска сторени неколку кривични дела “измама“: во 2006 година во фирмата “Просветно дело“ се претставувал како член на синдикатот на тогашно Електро Скопје; потоа во 2011 година измамил две физички лица – едното дека негов роднина наводно ќе му извади патна исправа, за што му земал 5.000 денари, а птоа и позајмица од 30.000 денари, а другото физичко лице го измамил ветувајќи му дека ќе купи ПМВ за фирмата на оштетениот земајќи му 147.600 денари, како и 10.000 денари за регистрација, а сепак возилото што го купил го пишал на името на својот татко; и минатата година на физичко лице му ветил дека ќе му купи мотор од Грција мотор во замена за неговото ПМВ и притоа му земал 300 евра а потоа уште 100 евра. Исто така И.С. во крим евиденцијата евидира и како сторител на кривично дело “затајување“ сторено во 2011 година./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

