Црна хроника
Прегазена жена, возилото го управувал 89-годишен старец

Жена пешак била прегазена во саботата вечерта околу 20.30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа „Бунар Петрол“.
Автомобил „лада“ со скопски регистерски ознаки, со којшто управувал осумдесет и деветгодишен скопјанец удрило во шеесет и деветгодишна жена од Гостивар.
Жената починала на лице место. Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа од ПС за БПС-Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Беровец пренесен в болница, со трактор паднал во река во Пехчево и се повредил

58-годишник се повреди вчера откако со трактор падна во река во близина на Пехчево. Несреќата е пријавена во пехчевската полиција, а повредениот веднаш е пренесен на лекување во Скопје.
„На 11.05.2025 во 15.04 часот во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 14 часот на шумски пат, кај место викано ’Скокото’ кај Равна река, Пехчевско, И.Д.(58) од Берово, управувајќи трактор ’МТ 533’ со приколка, се превртел и со тракторот паднал во река. Тој бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ Скопје за укажување лекарска помош“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Увид на местото на несреќата направила увидна екипа од ОВР Берово.
Црна хроника
Уапсен 46-годишен скопјанец оти ја истепал сопругата и ѝ се заканувал

Ноќеска, неколку минути по полноќ, полицијата во скопски Петровец го уапси 46-годишниот Ј.К.. Полицајците постапувале по пријава дека во домот Ј.К. ја нападнал својата сопруга и ѝ се заканувал со остар предмет.
Против насилникот ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот, извести Министерството за внатрешни работи.
Црна хроника
На велосипедска патека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Вчера на велосипедска патека на булеварот Јане Санданскин се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед и електричен мотор, управуван од К.Л.(71) од Скопје, по што лицето со велосипедот го напуштило местото на настанот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.