Црна хроника
Прегазено единаесетгодишно дете, поминало со полесни повреди
Дете на возраст од 11 години во понеделникот вечерта било прегазено во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила во 21.30 часот на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Франклин Рузвелт“. Автомобил „ауди“ со скопски регистарски таблици, управуван од дваесет и петгодишен возач го прегазил детето.Возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата, но за кратко време се вратил.Детето со полесни повреди било пренесено во болницата „Свети Наум Охридски“ и по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Затвореник од Идризово нападнал чувар
Вчера во просториите на судско одделение во болниц а во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
МВР: Вработена во казино префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па играла иако не и било дозволено
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.