Црна хроника
Прекршочна пријава за напаѓачот на членот на „Левица“ во поплавените подрачја

Министерството за внатрешни работи му издаде записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ на Хајрадин Сулиш, кој во четвртокот нападна член на партијата „Левица“ за време на посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во поплавените подрачја, во селото Стајковци.
Нападнатиот Гоце Маркоски случајот го пријавил во полиција во среда околу 10 часот. Според неговата пријава бил физички нападнат од страна на лицето Х.С при тоа истиот најпрвин го влечел за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди.Инцидентот го обелодени бугарската телевизија „Нова“ која објави снимка на којашто се гледа како Сулиш го напаѓа Маркоски бидејќи го критикува премиерот Груевски и вели дека нема помош за луѓето од поплавените подрачја.ВМРО-ДПМНЕ се огради од инцидентот и соопшти дека Салуш не бил член на обезбедувањето на Груевски. На инцидентот присуствуваше и Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.