Црна хроника
Претседателот на здружението инвалидни пензионери од Охрид го местел изборот за претседател
Претседателот на Здружението на инвалидски пензионери од Охрид го местел изборот за претседател на Здружението и поднесувал лажни податоци за членови, меѓу кои имало и починати.
На годишното собрание одржано во март 2011 година, спротивно на Статутот на здружението влијаел да се донесат неколку одлуки, меѓу кои и избор на претседател.Тој поднел лажни податоци за двајца членови и потписници на собранието кои, не биле членови на здружението туку се членови на Здружението на старосни пензионери. Со такво внесување на лажни податоци во службен документ-спис што е должен да го води врз основа на закон, пензионерот изготвил и со свој потпис и печат заверил документ за одржано годишно собрание и членови на собрание со невистинити податоци.Од увидот во документација од Централен регистар за членови на здружението, извршен од СВР Охрид во текот на април 2015 година, констатирано е дека член на здружението е лице кое починало во декември 2009 година. Против седумдесет ипетгодишниот пензионер поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

