Црна хроника
Пријавени две исчезнати лица, уапсен убиец по кој се трагало
Две девојки, од кои едната малолетна, се пријавени за исчезнати во Скопје, а припадниците на полициската единица „Алфа“ пронашле и уапсиле лице по коешто се трагало поради убиство, се наведува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи од саботата.
Во петокот во Полициската станица Чаир е пријавено дека од УЗДВ Дом „25-ти Мај“ дека во средата, 13-ти мај, од домот за деца без родители во непознат правец се оддалечила 12-годишна штитеничка.
Истиот ден во Полициската станица Карпош родител пријавил дека истиот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата 32-годишна ќерка Х.П.А.. Од МВР соопштија дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Во петокот, припадниците на полициската единица „Алфа“, по предходно преземени мерки, а постапувајќи по судска наредба за сторено кривично дело „убиство“ бил пронајден и уапсен 29-годишниот Шинаси М. од скопското село Арачиново. По него се траага поради тоа што на 18-ти октомври 2012 година на улицата „11-ти Ноември“ во Куманово пукајќи од огнено оружје го убил тогаш 31-годишниот Ендрит Љ.(31) од кумановскот село Опае./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

