Црна хроника
Прилепчанец претепал сосед со вила

Прилепчанец во понеделникот наутро околу 9 часот го претепал со вила својот сосед.
Инцидентот се случил на улицата „Скопска“ во Прилеп во домот на педесет и петодишниот К.П. Неговиот сосед, педесет и седумгодишниот И.Ј. утрото со вила ја отворил влезната врата на куќата, удирал по вратата, упатувал пцовки и повеќепати го удрил К.П. во пределот на главата и телото. Тој без свест бил однесен во Општа болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Прилеп. И.Ј. е приведен и задржан во ПС Прилеп и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.