Црна хроника
Прилепчани фатени со вреќи полни марихуана
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Г.(29) и Д.Б.(38), и двајцата од Прилеп, кои биле фатени како пренесуваат вреќи со марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Г.(29) и Д.Б.(38), и двајцата од Прилеп, кои биле фатени како пренесуваат вреќи со марихуана.
Од страна на судија на предходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.Имено, во четвртокот, во 2 часот кај населбата Три Чешми полициски службеници од СВР Штип при контрола, запреле автомобил „рено сеник“ при што пронајдени се четири јутени вреќи со 106 стебла непозната растителна материја. Пријавените неовластено од место на локалниот пат кај село Облешево ги набрале стеблата, ги ставиле во јутени вреќи во багажникот на возилото, со намера да ги пренесат, преработат, подготват и така припремена да ја продаваат.Инаку лицата минуваат во крим евидениите на МВР и против нив се поднесувани кривични пријави за вакви кривични дела./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

