Црна хроника
Притвор за директорот на здравствен дом Охрид и двајца негови соработници
Притвор за директорот на здравствениот дом Охрид и двaјца негови соработници кои се товарат за финансиски криминал тежок повеќе од 7,5 милиони денари. Двајцата соработници се уапсени, додека директорот е во бегство и по него е распишана потерница.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против нив за „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“. Финансиската полиција извршила контрола на благајничкото работење и сметководствената евиденција на здравствениот дом за периодот од 2010 до 2014 година.По извршените споредби на реализираниот промет од фискалните каси со уплатените парични средства во благајната, како и уплатените парични средства на банкарската сметка на Здравствениот дом Охрид, констатирано е дека прометот извршен преку фискалниот апарат редовно се предава во благајната, но така извршениот промет и предадените парични средства наплатени од пациентите, не биле уплатувани на банкарската сметка на Здравствениот дом Охрид. При контролата на сметководствената евиденција и документација на Здравствениот дом Охрид, констатирано е дека третопријавената, вработена како шеф на сметководство во оваа здравствената институција, за да ги прикрие трагите на криминалот што бил очигледен, само дел од финансиската документација ја евидентирала во сметководствената евиденција на болница.Криминалот започнал во 2010 година по наредба на директорот, а соработникот секој ден усно го известувал директорот за вкупниот дневен промет и добивал задача колкав дел од прометот да го уплати на банкарската сметка на Здравствениот дом, а остатокот од дневниот промет му го давал лично на рака на директорот кој парите од пациентите си ги користел за задоволување на своите лични потреби. Финансиската полиција утврди дека во периодот 2010-2014 година во Здравствениот дом во Охрид проневерени се вкупно 7.565.302,00 денари за кој износ ќе одговараат трите пријавени лица./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

