Црна хроника
Притвор за гостиварецот осомничен за убиство во Гостивар
Судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на осомничениот за убиството што се случи во понеделникот во Гостивар, кој само се пријави во полициска станица.
„Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. За расветлување на кривично правниот настан веќе се издадени повеќе наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и предмети, огненото оружје и возилото на осомничениот“, соопштуваат од Јавното обвинителство во Гостивар.По расправија за сообраќаен прекршок во понеделникoт беше убиен дваесет и шестгодишен гостиварец. Според досегашните сознанија на истрагата, убиениот за време на кавгата извадил метален предет и удрил во возилото на осомничениот, по што тој извадил пиштол којшто го поседувал со дозвола, и во паника почнал да пука кон момчето. Му нанел смртоносна повреда во стомакот, по што момчето почина на скопските клиники./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

