Црна хроника
Притвор за скопјанец што изнудувал пари од поранешен колега
Триесет и тригодишен скопјанец изнудувал пари од поранешен колега од работа, заканувајќи му се дека доколку не му даде пари, ќе му наштети нему и на неговото семејство.
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно Јавно Обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „изнуда“. За стореното кривично дело од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.Имено, пријавениот во периодот од 23.08.2015 година до 14.10.2016 година, употребувајки сериозни закани, телефонски и лично му се заканувал на оштетениот, триесетиедногодишен скопјанец, дека ќе му наштети на него и неговото семејството доколку не му давал секој месец парични средства во висина од 1.000 до 10.000 денари Пријавениот и оштетениот од август минатата година работеле заедно во супермаркет во Тафталиџе, по што почнале и да се дружат. Откако пријавениот во ноември 2015 година го прекинал работниот однос во супермаркетот, му се јавил на оштетениот и му побарал пари, како позајмица со изговор дека му требаат за лекување на неговиот татко, а оштетениот му дал 1500 денари. Оттогаш пријавениот почнал секој месец, па се до денот на пријавување на настанот, да му бара парични средства на оштетениот со закана дека доколку не му даде пари ќе му наштети на него и на неговата фамилија, така што оштетениот од страв за себе и својата фамилија бил принуден постојано да му дава парични средства, но за тоа не кажувал на никого. Во јули годинава пријавениот отишол на работното место на оштетениот со намера да му земе пари, но откако оштетениот му кажал дека нема, Н.Б. го фатил за раце и од џебот му го извадил и го одземал мобилниот телефон, по што ја извадил сим картичка и му ја вратил. Исто така минатиот месец пријавениот телефонски му се јавил на оштетениот и му побарал пари или од мобилара лоцирана во Градски трговски центар Скопје да набави два мобилни апарати заедно со сим картички, а доколку не го стори истото му се заканил дека ќе го повреди. Подоцна оштетениот ги набавил мобилните апарати и му ги дал на пријавениот.Повторно, на 13 овој месец пријавениот телефонски му се јавил на оштетениот и му кажал да дојде кај трговскиот центар лоциран во Општина Карпош и да му даде 1.000 денари, за што оштетениот дошол на договореното место, но му кажал на Н.Б. дека нема пари. По ова пријавениот почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајки му видливи повреди. По нанесенате повреди оштетениот побарал помош во медицинска установа.Следниот ден (14.10.) пријавениот телефонски го побарал оштетениот и повторно му побарал 1.000 денари а доколку не му ги даде му се заканил дека ќе биде полошо од претходниот ден, за што оштетениот исплашен за неговиот живот како и неможејќи повеќе да ги поднесе физичкото и психичкото малтретирање и заканите од страна на пријавениот, настанот го пријавил во полиција. Од страна на Одделението за насилен криминал при СВР Скопје земен е записник за примање на кривична пријава и превземени се оперативно-тактички и технички мерки за фаќање на сторителот и документирање на случајот. Притоа, од страна на полициски службеници од Единицата за наслилен криминал и ЕПОИ-Алфа, пријавениот е лишен од слобода, при што пронајдени се и со потврда за привремено одземени предмети одземени му се две банкноти од 500 денари, а од страна на ЕУМНА при СВР Скопје истите се фотографирани. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos
Топ
Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата
Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода.
Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

