Црна хроника
Приведени три лица во врска со пукањето во Арачиново
Три лица се приведени, додека по три лица полицијата сè уште трага во врска со пукањето во скопско Арачиново во неделата попладне, а во кое беа повредени четири лица.
Причините за инцидентот се нарушени меѓучовечки односи меѓу двете страни.
Според информациите на МВР, вчера околу 16,30 часот додека Џ.Б.(30) и Џ.Б.(46), двајцата од село Арачиново, седеле во ресторан „Сити“ во Сингелиќ, забележале дека ги следи А.С.(23) од истото село, со кого претходно имале нарушени меѓучовечки односи.
Откако двајцата со автомобил „мерцедес“ пошле во правец кон село Арачиново, патот им бил попречен од две возила, според кажување на оштетените “голф” и “опел зафира” од кои едното управувано од А.С, а другото веројатно од Б.С.(40) во кои имало повеќе лица кои пукале кон „мерцедесот“.
Џ.Б. и Џ.Б. успеале да стигнат до нивната куќа во Арачиново од која што излегле нивни роднини кои со камења започнале да фрлаат кон „голфот“ и „опелот“.
Лицата од автомобилите тогаш отвориле оган кон М.Б.(19), Н.Б.(23), Ф.Б.(28) и Р.Б.(53) при што ги раниле.
Повредените се хоспитализирани во Градската болница „Свети Наум Охридски“, а Н.Б. во Клинички центар Скопје.
Како што информира МВР, напаѓачите се идентификувани, а приведени се Н.С.(50), Р.С.(45) и Г.С.(42) од село Арачиново, додека по уште три лица МВР сè уште трага.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

