Црна хроника
Продавач удрил разбојник со дрвен предмет и го спречил да го ограби

Разбојник вооружен со пиштол во вторникот попладне околу 17.30 часот се обидел да ограби продавница на улица „Трифун Хаџијанев“ во Скопје, во скопската населба Автокоманда, соопшти МВР.
Но педесет ишестгодишниот продавач се спротивставил и го удрил разбојникот со дрвен предмет, па разбојникот успеал да украде само 150 денари и избегал.Под сомнение дека е извршител на кривичното дело приведен е педесет идвегодишен скопјанец кој и’ е познат на полицијата и против него ќе биде поднесена пријава./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден 13-годишник од Кичево: управувајќи електричен тротинет се судрил со „фолксваген туран“

Вчера во 21:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.З.(49) од Кичево и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
Топ
Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри од брегот.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Во гаснењето на огнените јазици интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, заедно со припадници на езерската полиција, кои брзо реагирале за да спречат поголема катастрофа.
Според полициските информации, глисерот бил регистриран и во сопственост на 64-годишниот З.Д. од Тетово. Пожарот предизвикал сериозни оштетувања на коритото, поради што пловилото потонало на длабочина од околу три метри. Покрај тоа, огнот оштетил и два други глисери кои биле укотвени во близина.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а истрагата за утврдување на околностите е во тек.
Топ
Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот учествувале лица од две возила, при што дошло и до сообраќајна незгода, по што возилата го напуштиле местото на настанот.
„Едното возило се упатило кон улица ‘113’, додека другото заминало во непознат правец“, информираат од МВР. Очевидци изјавиле дека возилото што се упатило кон улица „113“ било „Форд Фиеста“ со тетовски регистарски таблички, кои од извршената проверка се утврдило дека се одјавени и припаѓаат на 19-годишен жител на село Гајре.
При преземените мерки, полицијата на крстосницата меѓу улиците „Благоја Тоска“ и „107“ пронашла патничко возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на 46-годишен жител на Тетово. „Во возилото било пронајдено едно починато лице со прострелни рани од огнено оружје“, соопшти МВР.
Во престрелката биле повредени и малолетно девојче од Тетово, кое е задржано на опсервација во Клиничката болница во Тетово, двајца мажи на возраст од 34 и 46 години, кои со тешки повреди се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, како и 60-годишен пешак, кој бил случаен минувач и е пренесен во истата здравствена установа.
„Формиран е тим со кој раководи дежурен јавен обвинител при ОЈО-Тетово, а увидната екипа од СВР Тетово врши комплетен увид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, наведуваат од МВР.