Црна хроника
Продавачка се спротиставила на вооружени крадци во Тетово
Продавачка во супер макет во Тетово им се спритивтавила на двајца разбојници и одбила да им даде пари и покрај тоа што впериле пиштол во неа.
Продавачка во супер макет во Тетово им се спритивтавила на двајца разбојници и одбила да им даде пари и покрај тоа што впериле пиштол во неа.
Во инцидентот бил повреден еден мушетија во дуќанот, кој бил удрен со рачка од пиштол од страна на разбојниците, кои немале успех ниту во обидот него да го ограбат.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 19,00 часот во Тетово на ул.„Андреја Стојановски“, во маркет „Јупром“. кога двајца засега непознати сторители извршиле разбојништво во обид над Т.Б.(1947) и Т.Ч.(1962).
Лицата влегле во маркетот и еден од нив вперил пиштол кон вработените, барајќи пари, а откако продавачката се спротивставила, сторителот пиштолот го вперил кон И.И., кој бил купувач, по што со рачката од пиштолот го удрил во пределот на задниот дел на главата.
Веднаш потоа, двете лица го напуштиле маркетот и заминале кон ул.„Ѓорче Петров“, а И.И. е пренесен во КЦ-Тетово заради укажување на лекарска помош.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

