Црна хроника
Пронајден камион полн со мигранти, возачот во бегство
Пронајден е камион со мигранти во петокот околу 11.30 часот на патот Никуштак – Орланци односно на стариот пат меѓу Скопје и Куманово.
Случајот го пријавила телевизија „ТВ21“ која објави снимка од мигрантите и првично јави дека во камионот имало повеќе од сто мигранти. Возачот на камионот избегал, а мгрантите не сакале да зборуваат пред камера.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека во камионот марка „мерцедес“ се превезувале 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и две од Либија. Според полицијата, камионот имал лажни велешки регистерски таблици.
Полицијата констатирала дека регистерските ознаки биле одјавени на 4 јануари во Штип.
Повикан бил и претходниот сопственик, 33 годишно лице од Штип, кој изјавил дека на 4 јануари камионот го продал на Џ.И.(24) од велешко, за кое на увид приложил купопродажен договор.
Три лица од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, на 16 мигранти од Ирак им била издадена Потврда за изкажана намера за поднесување на барање за азил и истите ќе бидат спроведени во Кампот на Табановце, за 15 мигранти од Иран поднесен е Записник за прием на усно барање за признавање право на Азил, по што истите ќе се спроведат во Центарот за Азил Визбегово-Скопје.
За сите преземени мерки бил известен дежурен ЈО при ОКК-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот и пронаоѓање на сторителот./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

