Црна хроника
Протести во Дебар
Околу 200 млади дебарчани во неделата протестираа против одлуката на судот во Скопје за доживотен затвор на шестминатата од процесот „Монструм“.
Протестот која не челото имаше албански знамиња се одржа пред основниот суд во Дебар и притоа без извикувани пароли: „Илирида“, „долу Али Ахмети“, „етничка Албанија“ , „сакаме правда“, „сакаме слобода“, „и ние сме со Скопје“, „долу судот“ и други.
Демонстрантите во повеќе наврати ги исвиркуваа припадниците на полицијата од дебарската полициска станица кои застанаа пред објектот на судот во Дебар.
Потоа протестантите се упатија кон центарот на градот и извилуваа слични пароли минувајќи по главната улицата „8 септември“.
Протестот мина без инциденти .
Никој од присутните не се престави како организатор на протестот, а групата како што соопшти се собра по објавеното соопштение за протести на фејсбук од групата „етничка Албанија“. /крај/мн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

