Црна хроника
Психички нарушено лице упаднало во куќа на мајка со ќерка
Психички нарушена личноста упаднала во неделата вечерта во една куќа во Струмица, во која била мајка сочетиригодишна ќерка, при што почнал да ги гушка и бакнува и да им искажува љубов.
Според МВР, во куќата на С.П.(35), влегло непознато машко лице на возраст од околу 20 години, се приближило до нејзината четиригодишна ќерка и ја бакнало во пределот на главата.
Таа не изреагирала веднаш, мислејќи лицето е другар на нејзиниот син, но откога увидела дека влегло само, го запрашала што бара во нејзината куќа. Истиот се приближил до неа, силно ја гушнал, фаќајќи ја за градите и обраќајќи и се со зборовите: „Дојдов да ве сакам“.
Жената се обидела да го отргне од себе, но бидејќи истиот ја повторил постапката неколку пати, почнала да вика за помош, по што пристигнал нејзиниот девер и успеал да го отргне лицето и да го задржи до доаѓање на полицијата.
По извршеното легитимирање, утврдено е дека се работи за Н.Б.(21) од Струмица, кој, и понатака и во присуство на полициски службеници покажувал знаци на хиперактивност и неконтролирано однесување, соблекувајќи се гол.
Н.Б. е однесен во МЦ-Струмица на Нервно Одделение, каде од страна на лекар е констатирано дека се работи за лице со пореметена психолошка структура на личноста.
За настанот е запонат јавен обвинител и против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

