Црна хроника
Психијатарка издала лажно лекарско дека пациентот има психички проблеми, а тој бил на одмор во Грција
Психијатарка од Специјалистичка ординација по психијатрија „Медика про менте“ во Охрид, издала лажно лекарско уверение дека пациент, вработен како раководител на градежна оператива во ЈП,,Градски гробишта“ Охрид има психичко проблеми, а тој си бил на одмор во Грција.
На 6 јули оваа година психијатарката го издала лажното уверение и во извештајот констатирала дека пациентот има несоници,висок степен на напнатост,нерасположение.и.т.н. и препорачала неопходно издавање на боледување.
Тоа го направила и покрај тоа што знаела дека конкретниот ден, пациентот не се јавил на лекарски преглед бидејки бил отсутен од државата односно заминал на летување во странство.
Дополнително таа внела невистинити податоци и во амбулантниот дневник каде лажно прикажала дека пациентот се јавил на преглед во специјалистичката ординација „Медика про менте“.
Раководителот врз основа на невистинитиот лекарски извештај, добил предлог за лекарска комисија од матичен лекар со позитивно мислење и оценка на Првостепената комисија при ФЗОМ. Врз таа основа, вака изготвеното невистинито лекарско уверение, пријавениот го употребил кај матичниот лекар и кај комисијата на ФЗОМ за добивање на боледување во период од шести јули до четврти август оваа година.
Од увидот во електронска евиденција, констатирано е дека пријавениот на шести јули годинава, со патна исправа, преку граничниот премин „Меџитлија“ остварил излез од Република Македонија кон Република Грција, а на 22 јули, на истиот граничен премин, регистриран е негов влез во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.