Црна хроника
Пукање и фрлена бомба во Козле
Бомба која не експлодирала била фрлена врз автомобил во населбата Козле, а било пукано и од автоматско оружје, соопшти полицијата. Во инцидентот нема повредени.
Бомба која не експлодирала била фрлена врз автомобил во населбата Козле, а било пукано и од автоматско оружје, соопшти полицијата. Во инцидентот нема повредени.
Имено, во петокот утрото околу 2.50 часот во Скопје, на ул.„Козле“ од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје најверојатно од автоматска пушка во автомобил „Ауди“ сопственост на Р.К., а воедно била фрлена и експлозивна направа која не се активирала. По извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Затвореник од Идризово нападнал чувар
Вчера во просториите на судско одделение во болниц а во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
МВР: Вработена во казино префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па играла иако не и било дозволено
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.