Црна хроника
Работник се обидел да украде кваки, а кога го забележале го нападнал обезбедувањето
Работник се обидел да украде кваки за врати од објект во изградба во скопската населба Ѓорче Петров, но кога го забележало лицето што го обезбедувало објектот,извадил нож и го нападнал.
Обезбедувачот, кој бил ангажиран како одговорен за влез и излез на вработените како и за целокупниот материјал кој влегува и излегува од објектот, во вторникот наутро го забележал работникот со две кваки од врата во рацете.Кога го прашал што бара тука не му одговорил, се симнал долу пред капијата за влез, и без повод и причина започнал да замавнува со кваките. Потоа од џебот извадил нож на расклопување и започнал да замавнува кон обезбедувачот предизвикувајќи несигурност и страв меѓу вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.