Црна хроника
Раководители на градежниот сектор во Дебар кривично пријавени за злоупотреби
Раководителот на Секторот за урбанизам и комунални работи во Општина Дебар, како и главниот архитект во општината се пријавени од тамошната полиција поради основани сомневања дека сториле казнени дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Бесправно градење“, информираше Секретаријатот за внатрешни работи Охрид.
Раководителот на Секторот за урбанизам и комунални работи во Општина Дебар, како и главниот архитект во општината се пријавени од тамошната полиција поради основани сомневања дека сториле казнени дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Бесправно градење“, информираше Секретаријатот за внатрешни работи Охрид.
Според наодите на полицијата, 61-годишниот П.П. во својство на раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи во Општина Дебар и 50-годишниот Г.Ц. како архитект во општината, во периодот од 24-ти до 27-ми декември 2103 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување со пречекорување границите на своето службено овластување и како надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот нивна сограѓанка идентификувана како З.Б., спротивно на условите предвидени со Деталниот урбанистички план(ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на станбено-деловен објект од втора категорија на улицата „Братство-единство“ во Дебар.
Тоа го направиле иако увиделе дека проектот предвидува градба на станбено-деловен објект со димензии во височина поголема за 1,86 односно 3,53 метри од предвидените со ДУП на посочените катастарски парцели.
Пријавените, свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин инвеститорот наместо поткровје изградил цел кат. Ваквата состојба е констатирана и од општинскиот овластен градежен инспектор при вршење инспекциски надзор за што на 28-ми март 2014 година е составен Записник.
Со тоа, по основ на разлика на цена за метар квадратен на станбен простор и поткровје и нереално исплаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, на З.Б. и’ овозможиле противправно да се стекне со имотна корист во износ од 1.531,248 денари и со тој износ го оштетиле државниот буџет./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.