Црна хроника
Расчистено убиството во Драчево од 2013 година
СВР Скопје до обвинителството со кривична пријава ги предаде лицата И.И. (28) – кој не е достапен на органите на прогон и С.С. (28) – и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело “разбојништво“, за што од страна на Судија на претходна постапка на С.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
СВР Скопје до обвинителството со кривична пријава ги предаде лицата И.И. (28) – кој не е достапен на органите на прогон и С.С. (28) – и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело “разбојништво“, за што од страна на Судија на претходна постапка на С.С. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Кривичното дело пријавените го извршиле на 25 февруари 2013 година околу 19,30 часот на ул.„Славка Димкова“ во Драчево-Скопје во куќа во која се наоѓала менувачница „Золит Трејд“, при што го лишиле од живот сопственикот на истата, при тоа стекнувајќи се и со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари.
„Имено, откако И.И. и С.С. се сретнале во кафе барот „Танкештеле“ лоциран во с. Сарај-Скопје, го изнајмиле „Опел Омега“ (диво такси) и се упатиле кон Драчево, каде по пристигнувањето на влезот од населбата, се симнале од автомобилот и отишле кон менувачницата „Золит Трејд“, по што И.И. маскиран со црна женска чорапа, со огнено оружје пиштол испукал еден куршум во пределот на главата на сопственикот на менувачницата, кој починал на местото на настанот. С.С. ја одзел чантата со пари од починатиот и се упатил кон претходно договореното место со возачот на такси возилото со кое дошол, по што се упатиле кон Сарај, додека пак И.И. избегал од местото на настанот во непознат правец“, информираат од МВР.
По пристигнувањето во Сарај, второпријавениот заедно со такси се упатил во чајџилница која се наоѓала во непосредна близина на куќата на И.И., а по извесно време со такси се вратил и И.И., по што одземените пари меѓусебно ги поделиле, од кои пари на такси возачот му дале околу 40.000 денари и 400 евра, (притоа велејќи му дека тоа се пари од човекот од Драчево што им должел), а останатиот дел од парите го поделиле меѓусебно.
По извршувањето на кривичното дело од страна на ЕУМНА при СВР-Скопје извршен е увид на местото на настанот, при што пронајдени и подигнати се е една испукана чаура и капа-фантомка, кои се подигнати и предадени за понатамошна обработка. Од страна на Оддел за крим техника при МВР на РМ извршени се вештачења. Инаку И.И. и С.С. се познати сторители на кривични дела и против истите и претходно се поднесени кривични пријави./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

