Црна хроника
Расветлена кражбата на златен накит во гостиварско Чајле

Осумнаесет годишна девојка од гостиварското село Чајле и нејзиното момче се обвинети дека го украле златниот накит од куќата на нејзиниот чичко, во кражбата извршена на почетокот на месецот.
Според полицијата, кражбата ја извршиле 18-годишната С.Ј. од Чајле и нејзиниот врсник А.И. од Чегране.
Двајцата, кои биле во љубовна врска, се сомничат дека на четврти овој месец, во попладневните часови, со возилото на А.И. пристигнале пред куќата на Ј.Ј, инаку чичко на С.Ј. и искористувајќи го отсуството на домашните, влегле низ незаклучената врата, а потоа од регал од спалната одзеле поголема количина разновиден златен накит, чија вкупна вредност се проценува на 4.290.000 денари.
Златниот накит го зел А.И, но при претрес на неговиот дом реализиран со наредба на судија во претходна постапка на 14-ти, пронајден е во дворот на куќата сокриен под едно дрво и покриен со лисја и сено.
Во координација со јавен обвинител, двајцата осомничени приведени се и задржани во Полициската станица Тетово, додека вчера определен им е 48 часовен притвор. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.