Црна хроника
Разбојник кој бил фатен се спогодил да биде осуден на 15 години затвор
Разбојник кој во септември се обиде да ограби менувачница со автоматска пушка се спогодил со Основното јавно обвинителство – Велес да биде осуден на 15 години затвор без судски процес.
„Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес постигна спогодба со обвинетиот Е.И. за кривичното дело – Разбојништво од член 237 ст.4 во врска ст.1 вв член 19 ст.1 од Кривичниот законик да му се изрече казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, за кривичното дело – Предизвикување на општа опасност од член 288 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик да му се изрече казна затвор во траење од 3 години и за кривичното дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 ст.2 вв ст.1 од Кривичниот законик да му се изрече казна затвор во траење од 9 години и шест месеци, односно како единствена казна да му се изрече казна затвор во траење од 15 години“, соопштуваат од Обвинителството.Обидот за кражба се случи на 7-ми септември оваа година во Трговскиот центар во Велес, кога крадецот со закана со автоматска пушка се обидел да ограби менувачница.Обвинетиот маскиран со капа „фантомка“ влегол во менувачницата и пушката ја вперил кон оштетениот, заканувајќи му се по живот доколку не му ги даде сите пари. Вработениот при меѓусебна турканица во која биле испукани два куршума, успеал да го истурка обвинетиот надвор од менувачницата и започнал да бара помош, по што обвинетиот испукал уште два куршума.Обвинетиот успеал да се истргне од оштетениот, но набргу бил совладан од случајни минувачи и предаден на полицијата.На денешното рочиште во Основниот суд во Велес е донесена пресуда со која се прифати Предлог-спогодбата и притворот на обвинетиот ќе продолжи до започнување со издржување на казната затвор./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 15-годишник во делчевско по пријава за обљуба врз малолетничка
На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа.
За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

