Црна хроника
Разбојник одзел 12 илјади денари од вработен на бензиска во село Зајас

Непознат сторител во петокот во село Зајас, кичевско, извршил грабеж во бензиската пумпа „Триоли Петрол“ при што од вработено лице одзел 12 илјади денари, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од таму додаваат дека крадецот за време на разбојништвото употребил спреј со кој го испрскал вработениот во пределот на главата по што насилно му ги одзел парите.
Надлежните органи ги преземаат сите неопходни мерки за разоткривање на сторителот./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец претепал медицинска сестра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
Црна хроника
Лекар во болницата во Штип нападнал копега во операциона сала

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
Имено, на 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.
Црна хроника
Тетовка нарачала мебел и оставила капар: не ја добила ниту нарачката ниту парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама.
Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.