Црна хроника
Роднини на убиените полицајци во „Дива населба“ се приклучија кон кривичниот прогон на обвинетите
Роднините на осумтемина полицајци кои беа убиени во судирот меѓу македонската полиција и вооружената група во кумановската „Дива населба“, во четврток се појавија на судењето за овој случај и се приклучија на кривичниот прогон на обвинетите.
За висината на имотно-правното побарување сите ќе се изјаснат дополнително, во граѓанска парница. Емоциите од загубата не можеа да ги сокријат, а откако заврши рочиштето на една од роднините ѝ се слоши, па беше повикана и Итна медицинска помош. Еден од роднините на убиените полицајци побара во судницата да каже нешто, но судијата не му дозволи, бидејќи беше присутен во својство на оштетен, а не во својство на сведок предложен од обвинителството.Двајцата сведоци на обвинителството, се жители на „Дива населба“, татко и син. Синот, Арменд Сејдиу пред судот изјави дека имал продавница и пекарница во куќата во населбата и цело време бил на работа. Пред инцидентите, на 8-ми мај ланската година, го затворил маркетот во „Дива населба“ порано, во 22.30, 23 часот, иако вообичаено работел до полноќ, бидејќи бил многу уморен. Не забележал ништо невообичаено, било мирно и си претпоставувал дека платите сé уште „не се стигнати“, па луѓето немаат пари да купуваат. Го разбудило пукањето надвор каде имало голем број полицајци. Бидејќи во куќата имал пекарница и четворица работница кои работеле таму цела вечер, од полицијата побарал останатите членови на неговото семејство да заминат, бидејќи станува опасно, а тој останал во куќата со своите работници. Подоцна биле приведени во полициска станица, каде ги држеле повеќе од 20 часа.Неговиот татко, пак, пред пукањето бил во кумановското село Ранковце и неговата ќерка му се јавила му кажала дека има пукање. Двајцата кажаа дека двајца од обвинетите им биле соседи, Ирфан Љутвиу, кој бил бербер, и Фадиљ Фејзулаху. Судењето иако требаше да продолжи на 16-ти март, ќе продолжи на 22-ти март бидејќи адвокатите ги немале добиено изјавите од другите сведоци кои следуваат./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

