Црна хроника
Сакал да помогне, па го прегазиле со автомобил
Еден совесен минувач слушнал жена како вика од автомобил во кој имало повеќе мажи, тропнал на прозорецот да праша што се случува, но возачот го натепал и го прегази со возилото.
Еден совесен минувач слушнал жена како вика од автомобил во кој имало повеќе мажи, тропнал на прозорецот да праша што се случува, но возачот го натепал и го прегази со возилото.
Имено, во понеделник во 00.15 часот во полициската станица Карпош, К.К. пријавил дека додека се движел по ул. „Франклин Рузвелт“ со уште двајца негови другари забележал како, од автомобил „Крајслер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато машко лице ( во кое имало повеќе лица), непознато женско лице вика. К.К се доближил до возилото и прашал што се случува, тогаш возачот на возилото излегол, физички го нападнал, влегол во возилото, истото полукружно го свртел и удрил во К.К., по што напуштил местото. К.К. бил однесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарска помош, и му биле констатитани телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување. Од страна на полициски слижбеници пронајден е возачот на возилото. Се работи за С.Ц. (36) од Скопје, кој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати деца на училиште, во автобус, градинка – во Скопје пријавени повеќе случаи на насилство со малолетници за еден ден
Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи.
Напад во автобус на ЈСП
Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на подрачјето на Драчево.
Младо момче нападнато од малолетници
Дваесет и шест годишниот С.Т. Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот, во паркот во село Пакошево бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Инцидент во средно училиште во Центар
Во 21:15 часот, Ж.П. (47) од Скопје пријавил дека околу 12:00 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил нападнат од друг ученик.
Напад во градинка во Чаир
Во 13:00 часот, Н.Ќ. (49) од с. Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот, во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Напад во Кисела Вода
Во 22:30 часот, Н.Ц. (46) од Скопје пријавила дека околу 20:30 часот, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице на подрачјето на Кисела Вода.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за расчистување.
Црна хроника
Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника
Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово.
Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово.
Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.
Црна хроника
(Фото) Експлозија во куќа во охридско, тешко повредено едно лице
Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.
Од полицијата соопштија дека пожарот се случил околу 11 часот и дека тешко е повредена 44-годишна жена.
„На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот“, соопшти СВР Охрид.

