Црна хроника
Се краделе мобилни од рака, накит, пари и компјутери
Во последните 24 часа пријавени се повеќе кражби во Скопје и низ Македонија, при што украден е мобилен телефон од раката на жена која во моментот разговарала на него, потоа провалено е во куќи од каде се украдени пари и златен накит, а од основно училиште во Радовиш украдени се лап топ компјутери, соопшти МВР.
Имено, во петокот околу 19 часот во Скопје на ул.„Солунска“ Р.Б.(41) додека се движела непознат сторител од зад грб и се доближил и и го грабнал телефонот од рака со кој таа во моментот разговарала по што го напуштил местото на настанот.
Истиот ден, во Скопје на ул.„Сливовска“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно го отворил прозорот од кујната по што се качил и влегол во станот сопственост на В.Р.(62) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит и 40 евра по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Во петокот пак, во Скопје на ул.„Милан Марковиќ“ непознат сторител откако влегол во станот каде како потстанар живеел Ј.М.(46) и извршил тешка кражба при што одзел 1.500 евра, 1.500 српски динари и документи по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 92.000 денари.
Во полициската станица во Радовиш, М.Ј.(46) наставник во ОУ„Гоце Делчев“, подружница село Ракитец, пријавила дека во четвртокот од страна на непознат сторител извршена е кражба на тој начин што откако влегол во училиштето одзел три лап топ компјутери, а потоа го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

