Црна хроника
Се обидел да ја силува среде бел ден на улица
Скопјанка пријавила дека еден маж се обидел да ја соблече на сред улица, откако ја турнал од велосипед и ја удирал по главата, но за среќа успеал само да ѝ го украде телефонот и побегнал.
Имено, во четвртокот, во 14.10 часот во полициската станица во Ѓорче Петров во Скопје, Л.Т. (32), жителка на главниот град, пријавила дека околу 13.20 часот непознато лице извршило разбојништво врз неа. Додека се движела со велосипед по патот кон село Радуша била пресретната од непознатото лице, кој ја турнал на земја и почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата. Сторителот се обидел да ја соблече, но откако не успеал во тоа, ѝ одзел мобилен телефон и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

