Црна хроника
Седум повредени во сообраќајката кај Велес, сите се вон животна опасност

Седум лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во недела околу пладне на локалниот пат Велес-Езеро Младост.
Седум лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во недела околу пладне на локалниот пат Велес-Езеро Младост.
Во сообраќајката директно се судриле две возила, едното марка „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, а другото марка „БМВ“ со велешки регистерски таблици и по судирот се превртиле во шанец.
Според информациите од Итната медицинска помош Велес, сите седум повредени се надвор од животна опасност и се задржани на Хируршкото одделение при Велешката болница.
Повредените се со скршеници на клучна коска, болки во главата и кичмата, нагмечување на лева потколеница, а некои и со болки во вратот. Во сообраќајката се повредени три девојки и две жени и две помлади момчиња.
Повредените се на возраст од триесетина и дваесетина години, а една жена е на возраст од 40 тина години. Од АМСМ информираат дека од 14:15 часот сообраќајот на локалниот пат Велес – Езеро Младост е нормализиран./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.