Црна хроника
Семејна караница кај обвинител, синот скршил чаша, таткото им ги скинал маиците на двајца полицајци
Двајца полицајци биле нападнати во семејна караница што се случила во вторникот попладне во канцеларијата на Обвинителот во Струга.
Полицајци од Струга го спровеле во канцеларијата на Јавниот обвинител педесет и шестгодишен жител на струшкото село Лабуништа под сомнение за нанесување на телесна повреда врз неговата сопруга. Во канцеларијата започнала расправија меѓу сопружниците и нивниот син кој скршил стаклена чаша која ја држеле во рака. Јавниот обвинител побарал осомничениот да го извадат од канцеларијата, но тој одбивал да излезе. Почнал да замавнува со рацете удрајќи полициски службеник во пределот на левата рака и му ја скинал службената маица. При обид да го приведат, со раце за врат фатил друг полициски службеник и почнал да го дави, по што и нему му ја скинал маицата.По кратко време осомничениот бил совладан и приведен во полиција. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.