Црна хроника
Семејно насилство во Битола – сопруг претепал сопруга

Четириесет иедногодишна битолчанка во саботата била претепана од сопругот, по што со повреди на градниот кош и главата била примена во болницата во Битола.
Од страна на полициски службеник извршен е разговор со повредената, при што истата кажала дека во времето од 14,00 часот до 16,00 часот била малтретирана од нејзиниот сопруг при што и се заканувал дека ќе ја убие, и ја удирал со тупаници и клоци при што и нанел повреди во пределот на телото, градниот кош и главата.
По целосно целосно расчистување и документирање на настанот против пријавениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.