Црна хроника
Шест доживотни за тероризам и ослободителна пресуда во случајот ’Монструм’ – проширено
Шест доживотни затворски казни и една ослободителна пресуда е епилогот од судскиот процес во случајот ’Монструм’ што трае две години, беше објавено во понеделникот во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Според пресудата, што во понеделник во судницата во присуство на семејствата на обвинетите и жртвите ја прочита претседателот на судскиот совет Ивица Стефановски, на доживотен затвор за сторено кривично дело ’тероризам’ се обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во затвор во Приштина, потоа Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. За Рами Сејди судот донесе ослободителна пресуда, затоа што не постоеле цврсти докази за негова инволвираност во настанот.
Одбраната најави дека ќе поднесе жалба против ваквата пресуда, а адвокатите стојат зад тоа дека се цврсто убедени оти обвинетите не се сторители на убиството на четирите млади момчиња и рибарот кај Смилсковското езеро што се случи во април 2012 година..
Во образложението на пресудата, меѓу другото, е наведено дека иако дел од обвинетите во исказите тврделе дека не се познаваат меѓу себе, во истражната постапка биле пронајдени заеднички фотографии во нивните компјутери и мобилни телефони. Исто така, речиси сите обвинети се сторители на други кривични дела поврзани со насилство и осудувани за истите, како и за поседување оружје.
Според образложението, Фејзи Азири го организирал бегството на Демири и Исмаиловиќ на Косово. Цврст доказ за негова инволвиранот во убиството се и чаурите што беа најдени на Смилковско езеро, а кои се совпаѓаа со една чаура од друг случај со пукање од пред година и половина на живинарска фарма на Азири.
Во пресудата се наведува и дека во автомобилот ’опел омега’ што беше најден неколку дена по петкртаното убиство беа пронајдени ДНК траги на првообвинетиот Алил Демири.
Исто така, во компјутерите на некои од обвинетите се пронајдени и фотографии од Смилковското езеро и неговата околина.
Во образложението се наведува дека обвинетите планирано и внимателно го одбрале токму Смилковскто езеро како локација за егзекуција, затоа што таму постојано има луѓе и е локација од којашто може лесно да се избега. Времето, исто така, било прецизно избрано, околу 19 часот, кога се стемнува и кога видливоста е послаба.
Судот донел ваква пресуда и поради тоа што изјавите на сведоците на одбраната биле контрадикторни, нелогични и пристрасни.
Сите обвинети ќе останат во притвор до правосилност на пресудата, а рокот за жалба е 15 дена.
Судскиот процес за случајот ’Монструм’ започна на 20-ти декември 2012 година. Од тогаш се одржаа 46 рочишта на кои беа сослушани 30 сведоци и 10 вештаци. Поголем дел од судењата беа отворени за јавноста./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
Тетовското обвинителство поведе истражни постапки против вкупно 4 лица по оретресите во Брвеница, во кои беше пронајдена наркотична дрога и оружје.
Тројца од нив се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.
Така, кај еден осомничен биле пронајдени пиштол со 2 куршуми во рамка и уште 20 куршуми за автоматска пушка. Кај друг осомничен полицијата пронашла 55 куршуми, oд кои 53 куршуми боева муниција забранета за граѓаните, додека кај третиот бил пронајден пиштол без шаржер.
Четвртото лице кај себе држело 3,15 грама кокаин во моментот на претресот, поради што му е поведена истрага за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик.
По краткотрајниот 48-часовен притвор за обезбедување докази, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за тројца осомничени, додека за еден се предложени мерки на претпазливост.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.

