Црна хроника
Шест години затвор за прилепчанецот кој обљуби немоќно лице

По завршената истражна постапка против А.Ќ. од Прилеп обвинет за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп склучи предлог-спогодба со обвинетиот со која се спогодуваат обвинетиот да му биде изречена казна затвор во траење од шест години.
Судијата на претходна постапка ја прифати поднесената Предлог-спогодба и донесе пресуда со која на обвинетиот му ја изрече предложената казна затвор. Со истата пресуда до започнување со издржување на казната се продолжува определениот притвор против осудениот.Настанот за кој е изречена Пресудата врз основа на спогодба се случи во јули годинава, кога осудениот злоупотребувајќи го заостанатиот душевен развој на оштетената извршил обљуба. Тој со неговото возило ја следел оштетената која се движела пеш и ѝ понудил да влезе во неговото возило. Откако бил одбиен, обвинетиот насилно ја внел во возилото, ја однел надвор од градот и го сторил кривичното дело. По настанот на сега осуденото лице му беше определена мерка притвор./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.