Црна хроника
Скопјанец избоден со нож во тепачка пред ТЦ `Олимпико`
Во вторникот вечерта во ЦИК Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во Скопје на улица „Лондонска“ пред Трговскиот центар „Олимпико“ имало непознато лице кое лежело на земја со убодна рана, а по преземени мерки е утврдено дека се работи за 37-годишниот К.А. од скопското село Крушопек.
Во вторникот вечерта во ЦИК Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во Скопје на улица „Лондонска“ пред Трговскиот центар „Олимпико“ имало непознато лице кое лежело на земја со убодна рана, а по преземени мерки е утврдено дека се работи за 37-годишниот К.А. од скопското село Крушопек.
Според информациите од МВР, К.А. по вербална расправија со три лица, која подоцна прераснала во тепачка, од страна на едно лице бил прободен со нож и се здобил со тешки телесни повреди.
Еден од осомничените за настанот се пожалил на повреди и бил задржан за понатамошно лекување во Специјална болница за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, додека со останатите двајца осомничени е извршен разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.