Црна хроника
Скопјанец објавил слики од сексуален чин од својата бивша оти не му давала 5.000 денари
Скопјанец објавил фотографија направена при сексуален чин со неговата поранешна девојка на социјалната мрежа „Инстаграм“ оти не му давала 5.000 денари.
Кога девојката дознала дека поранешното момче (19) креирало лажен профил на „Инстаграм“ користејќи ги нејзините лични податоци се сретнала со него. Тој ја нападнал со удари по лицето и повторно и’ се заканил дека ќе ги објави фотографиите и видео клиповите со компромитирачка содржина доколку не му даде 5.000 денари.Девојката го пријавила случајот во полициската станица Бит пазар при што е земен Зaписник за примање на пријава и поради потребата од обезбедување докази за кривичните дела со потврда за одземени предмети од истата се одземени 3.000 денари кои се фотографирани за што е изготвен Фотоалбум и истите и се вратени со потврда за вратени предмети. На 14-ти ноември повторно се сретнале, при што момчето повторно почнало да се заканува, и’ земал на девојката 3.000 денари и’ ја нападнал.„Алфите“ го привеле насилникот заедно со уште еден другар кој бил со него. Кај напаѓачот најдени се парите и мобилен телефон, а при претрес во неговиот дом најдени се и одземени еден компјутер и повеќе ЦД дискови.Против него е поднесена кривична пријава за уцена и злоупотреба на лични податоци, а судија за претходна постапка му е одредил мерка притвор во времетраење од осум дена./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

