Црна хроника
Скопјанец ранет од заталкан куршум, погодена и куќа

Еден скопјанец бил повреден од заталкна куршум во раката додека седел во својот двор, додека на друга локација во Скопје заталкан куршум влегол во куќа, при што нема повредени.
Околу 19,30 часот во Скопје на ул.„Томе Пуре“ У.М(37), додека седел во неговиот двор со уште едно лице во еден момент почувствувал болка во десната рака во пределот на зглобот од огнено оружје.
Истиот се здобил со телесни повреди е префрлен во ГОБ„Свети „Наум Охридски “ каде му е укажана лекарска помош..
Претходно околу 16,00 часот во Скопје на ул.„Јустинијан Први“ во куќата сопственост на Љ.П (58), од страна на непознат сторител од непозната локација бил испукан куршум од огнено оружје чиј проектил го пробил стаклото во една од собите од куќата и завршил во ѕидот. Нема повредени лица и се работи на расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.