Црна хроника
Скопјани новогодишно се пресметаа во Тетово
Во текот на новогодишната ноќ во Тетово двајца скопјани физички се пресметале по што едниот завршил со тешки повреди во тамошната Клиничка болница
Околу 01,30 часот ноќта кон четвртокот во Тетово на улицата „Вон Вардарска“ дошло до меѓусебна вербална расправија, а подоцна и физичка пресметка меѓу двајца 25-годишници идентификувани како Г.М. и М.Т., и двајцата од Скопје со престојувалиште во Тетово.
Во текот на инцидентот Г.М. извадил пиштол, кој го репетирал и со рачката од истиот го удрил М.Т. во пределот на левото уво, по што овој паднал на земја, а Г.М. и уште едно непознато лице кое било со него почнале со нозе да го удираат во пределот на лицето и телото.
По нападот М.Т. се упатил во Клиничката болница Тетово, каде му се констатирани тешки телесни повреди, односно фрактура на носна коска и скршени два заба.
Настанот првично е пријавен од вработените во тетовската болница, а Секретаријатот за внатрешни работи Тетово информира дека презема мерки за расчистување на настанот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

