Црна хроника
Скопјани ограбиле продавница во Охрид и ја удриле сопственичката со автомобил
Двајца скопјани ограбиле продавница во Охрид, а при бегањето ја удриле со автомобил сопственичката на продавницата која дошла на местото на кражбата.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишниот С.Р. од Скопје. Нему одредена му е мерка притвор во траење од триесет дена. На седми овој месец, скопјанецот со уште една жена со подесен алат ги скршиле двата катинара од метална решетка поставена на влезната врата од продавницата „Заум пром-Маргарите“ лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Охрид.Настанот се случил во 3,30 часот, кога двајцата со автомобил марка „фолксваген пасат“ со скопски регистарски таблици пристигнале пред продавницата. Насилно влегле во продавницата и од касата одзеле 1.500 денари. Потоа од работните сталажи одзеле разновидни марки цигари и ги ставиле во најлонски црни вреќи кои ги имале со себе. Набрзо кон продавницата се упатила сопственичката која претходно, која дознала за кражбата од сограѓанин. Забележувајќи ја сопственичката и оставајќи ја најлон кесата, двајцата влегле во патничкото возило и избегале. При паничен маневар со возилото, скопјанецот со задниот дел од автомобилот ја удрил сопственичката на продавницата нанесувајќи ѝ телесни повреди. Крадецот е приведе на 11-ти август месец и против него е поднесена кривична пријава за разбојничка кражба и му е одредена мерка притвор од триесет дена./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.

