Црна хроника
Скопјанка убиена во нејзиниот дом, љубоморен сопруг прободел љубовници на сопругата
Една жена е убиена со убод од нож во градите во нејзиниот дом во Скопје, додека двајца мажи од Скудриње и Тетово се прободени во тепачки, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Една жена е убиена со убод од нож во градите во нејзиниот дом во Скопје, додека двајца мажи од Скудриње и Тетово се прободени во тепачки, соопштија од Министерството за внатрешни работи
Во понеделникот, околу 12.45 часот во Скопје во својот дом на ул „Саса“, пронајдена е почината П.Ш. (46). Нејзиниот сопруг Д.Ш. (69) изјавил дека истиот ден околу 11.30 часот кога се вратил од пазар ја пронашол во ходникот легната на стомак. Помислил дека и се слошило, ја завртел на грб да и помогне, но забележал дека во пределот на левата града има нож и убодна рана, по што повикал Итна медицинска помош, кои констатирале смрт. Увид извршил Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. Во 16.30 часот телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.Истиот ден, а во периодот од 7.30 до 8.30 часот во село Скудриње, гостиварско, А.Ш. (41) од село Скудриње со нож му нанел убодна рана во пределот на вратот на А.А. (46), а на Е.И. (26), двајцата од истото село, мала исекотина на левата рака. А.А. со возило на брзата помош бил пренесен во Здравствен дом-Ростуше од каде е препратен и задржан во Ургентен центар на КАРИЛ-Скопје. А.Ш. во 08.40 часот е приведен во полицијата во Ростуше. Како причина за нападот А.Ш. ја навел наводно повеќегодишната љубовна врска на повредените со неговата сопруга. По овластување на Јавен обвинител увид извршила екипа од Гостивар, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 48 часа.Во понеделникот, во 23.00 часот од Клиничката болница Тетово во СВР Тетово било пријавено дека кај нив бил донесен И.С. (26) од село Чифлик, кој бил повреден со нож во пределот на градниот кош. Тој бил повреден околу 22.30 часот во селската кафеана во село Чифлик. Повреденото лице како итен случај е пренесен во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување. Во врска со настанот во 5.35 часот приведен е седумнаесетгодишник од село Чифлик./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

