Црна хроника
Скопски деликвент и за малолетник ограбувале пешаци од возило без таблички
Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.Б. од Скопје поради постоење основано сомнение за извршени четири кривични дела ,,тешки кражби на дрзок начин“ и едно засега непознато лице за извршено едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Кривичните дела горепријавените ги извршиле во временскиот период од 7-ми октомври до 10-ти ноември годинава, и тоа три на територијата на општина Кисела Вода и една на подрачје на Аеродром, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 57.700.денари.
Првото кривично дело горепријавените го извршиле заедно, така што додека се движеле со автомобил „шкода фелиција“ без регистерски таблици и откако ја забележале оштетената како се движи по улицата, второпријавеното лице возејќи го возилото ѝ пришол од десната страна, а Д.Б. ја испружил раката преку отворениот прозорец и ја грабнал чантата која оштетената ја носела и во која имало мобилен телефон, лични документи и банкарски картички по што со возилото избегале во непознат правец. Со банкарската картичка од банкомат првопријавениот се обидел да извади пари, при што не успеал во намерата и ја скршил и ја фрлил во шахта во непосредна близина на банката.
Другите три кривични дела Д.Б. ги извршил сам, исто така, движејќи се возилото од кои ги извадил регистарските таблички ги забележувал жртвите како се движат по улица, им приоѓал од десната страна, ја испружувал раката преку отворениот прозорец и им ги грабал чантите по што со возилото го напуштал местото на грабежот.
Откако ќе извршел пребарување во ташните одредени предмети ги земал, а другото го фрлал во контејнер. Во еден случај забележал дека на една од картичките е запишан и ПИН кодот, ја зел картичката и од банкоматот и во два наврата извадил пари кои ги потрошил за свои потреби.
Со првопријавениот минатиот петок во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор кога го појаснил начинот на извршувањето на кривичните дела, а се преземат оперативно тактички мерки за пронаоѓање на второто засега непознато лице, соопштуват од министерството за внатрешни работи.
Инаку Д.Б. на полицијата ѝ е познат како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти „кражба“, „разбојништво“ и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај, како „загрозување на безбедноста на сообраќајот“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

